Кутадгу Билиг е едно од најважните книжевни дела на Турската книжевност од 11-от век. Ова исто така е и едно од најстарите дела на Турската книжевност од исламскиот период. Делото е напишано од страна на Јусуф Хас Хаџиб за време на владеењето на Караханската држава.
Турците во времето на Караханската држава го прифатија исламот како официјална вера. Книгата Кутадгу Билиг е напишана приближно после еден век од прифаќањето на исламот како официјална вера од страна на Турците. Кутадгу Билиг, е напишана во 1069 година. Јусуф Хас Хаџиб ова негово дело го напишал за 18 месеци. Јусуф Хас Хаџип оваа книга ја напишал во чест на Ебу Али Хасан син на Сулејман Арслан познат како Табгач Улуг Бугра Кара Кан, владетелот на источната Караханска држава.
Кутадгу Билиг, се смета за прво напишано сијасетнаме во турската книжевност. Делото е напишано во форма на месневија, со ритмичката мерка на арузот. Делото се состои од 6645 бејтови, но отпосле на делото му се доданени предговори напишани во стихови и проза. Кутадгу Билиг, се состои од 85 делови. Ова дело е од дидактички карактер и во себе содржи поуки, пораки и совети. Делото е повеќе засновано врз алегории. Авторот на делото своите пораки ги дава преку алегорични ликови од делото. Кутадгу Билиг, започнува со славење на Господ, Божјиот пратеник Мухаммед, четирите калифи и актуелниот владетел на државата. А потоа преку дијалозите на алегоричните ликови се раскажува за важноста на знањето и паметот, маните т.е. грешките на јазикот, за добрината и користите од добрината. Алегоричните ликови и нивните значења во делото се:
"synopsis" may belong to another edition of this title.
(No Available Copies)
Search Books: Create a WantCan't find the book you're looking for? We'll keep searching for you. If one of our booksellers adds it to AbeBooks, we'll let you know!
Create a Want